Тука секој може да си се пожали за разните типови на проблеми што во живеењето во оваа општина го снашле.
За жал овој општиски “куку-леле“ ѕид не ќе може да биде туристичка атракција, како оној во Израел, затоа што е електронски.
За да стигнете до него не ви треба некакво превозно средство, ниту ви е потребно сместување - доволна е само оваа адреса: http://www.karpos.gov.mk/index.php?option=com_wrapper&view=wrapper&Itemid=130.
Кога ќе подзастанете со сурфањето на адресава погоре, веднаш ќе ги воочите можностите за кукање, но малку потоа и за кисело смеење.
Во текстот подолу, што се наоѓа на страницата што ви ја споделив, таксативно се наведени темите на кои можете да кукате!
Потоа горе (клик на: ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ), можете да ја испробате својата среќа, т.е. да фрлите некоја сопствена солза во сувото солено море на ова општинско “куку-леле“.
Вашата солза (Пријава) ќе си добие бројче, па истото можете да си го запишете и да си го чувате при срце, за да проверите дали Господ ќе ги ислуша вашите маки и ќе ви помогне.
Третата опција од менито на овој напреден електронски Ѕид на плачот (ПРЕГЛЕД НА ПРИЈАВИ) мене ми донесе најмногу кисела смеа.
Тука, во пребарувањето по бројки можете да си ја впишете бројката на вашата солза и да си го видите резултатот.
И јас токму тоа си го направив!
Нормално, не ни очекував да добијам/видам нешто друго освен грижливите Господови зборови: “Пријавата е во тек на разгледување ве молиме проверете подоцна.“
За да се види/прочита треба да се кликне на оваа фотка. За да се вратите тука (да се продолжи присуството на постов) треба да кликнете “назад“ на вашиот програм за “сурфање“ по интернетов. |
Но потоа ми светна некоја разумна искра во темнава глава...
Го вклучив времепловот и враќајќи се наназад (броеви на пријави пред мојата) дојдов до сознание дека Господ го напуштил ова место.
Открив дека на крајот од јануари местово било привремено превземено од ПР тимот на нашиот општински Господ (градоначалник) и потоа, за неколку дена, сосема било напуштено.
Еве ја последната одговорена пријава (од ПР тимот). |
После оваа последна одговорена пријава, на сите идни останале само “библиските“ зборови: “Пријавата е во тек на разгледување ве молиме проверете подоцна.“
И тие зборови, до ден денешен, одекнуваат во наивните глави на некои од моите сограѓани/комшии.
Не можам да одолеам да не ја спомнам идејата што ми падна на ум кога го открив овој општински е-Ѕид на плачот: ова место е одличен извор за идеи и теми на, за столицата залепени новинари, редакциски определни да ги покриваат локалните проблеми.
Зад речиси секоја трета пријава постои вистинска приказна на вистински луѓе во борба со вистинските проблеми а со фиктивно правната држава (што, сметаат тие како поединци, би требало да ги заштити).
За што зборувам можете да видите од замрзнатите екрани што ги направив од овој наш мил и драг општински куку-леле Ѕид.
Не ме изненади кога видов и пријава на граѓанин од Мексичка улица (Тафталиџе 1) . На оваа улица живеат, дефинитивно е докажано, најнаивните жители на Карпош. |
Еве пример за ограничена толеранција и надеж.
Што да прави кутриов ѕид на плачот? |
Најпрвин, нашиов комшија му се обратил на Ѕидов на плачот, уште во време (септември 2012) кога тука наминувал Господ.
Но, времињата бргу се промениле и тој во февруари следната година е присутен на овој Ѕид речиси секојдневно - некои денови и со големи солзи како овие...
Тука, се чини, дека на нашиов комшија “му пука филмот“ и тој во следниве денови почнува да му се заканува на Господ (што е недопустливо!)
Откако еден месец, комшијава успеал да преживее без да му се обрати на Ѕидов, јуначко му срце не можело да додржи...
Нема коментара :
Постави коментар