Блокада на единствениот влез за автомобили во детското игралиште пред мексиканскиот споменик од земјотресот. |
петак, 31. мај 2013.
Мирниот протест и ефектите од него
И покрај тоа што најдиректно засегнатите граѓани направија мирен протест на лице-место и беа испрашувани и запишувани од полицијата и сообраќајната полиција... (Клик за да видите слики од ова!)
четвртак, 23. мај 2013.
Земјотресот во Скопје и грдото лице на нашата корупција во урбанизмот
Идната недела се подготвува голема прослава, организирана од Институтот по земјотресно инжинерство (ИЗИС) по повод 50 години од катастрофалниот земјотрес што му се случи на Скопје во 1963.
Прославата на ИЗИС не е само коктел и честитање, туку стручен семинар од највисок светски калибар.
Но... Каква иронија!
Вчера, (21-ви мај, 2013) една недела пред овој меморијален сеизмолошки семинар, во Скопје, во населбата Тафталиџе, на улицата Мексичка и на детското игралиште пред споменичниот комплекс во вид на стилизирана пирамида со голем ѕид на кој има спомен плоча, а кој бил изграден со цел да ја одбележи големата помош што тогашната влада на Мексико ја донирала на Скопје во облик на цела населба - се појавува багер кому му е издадена легална директива да го руши детското игралиште и паркот, веднаш до самиот споменик - мексиканската стилизирана пирамида.
Пријавите се на:
Постови
(
Atom
)