Блокада на единствениот влез за автомобили во детското игралиште пред мексиканскиот споменик од земјотресот. |
...Денес, в утро рано, поточно во точно 5 часот, користејќи дупка во протестната блокада...
Од тука, од оваа дупка помина... |
...На просторот на идната градба влезе ровокопач-гасеничар.
И така, додека дел од граѓаните отидоа во очајничка мисија да разговараат со градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски (рече: “Не сум јас Путин“ , “Најдете си врски“, ..) кој што не сакаше да го снимаат...
...И се декларираше за ненадлежен за проблемот заштитувајќи ги правата на приватниот инвеститор, сопственик на денационализираната нива, т.е. сега веќе, приватна и веќе градежна парцела, на која општината минатата година му направила измена (клик) на Деталниот Урбанистички План (конкретна локација) и му издаде одобрение за градба...
..Ровокопачот се зафати со уништување на паркот и детското игралиште (“Нема да копаме, само ќе ги извадиме коцките - рече застапникот на инвеститорот неколку минути порано! Лажејќи ги загрижените граѓани како да се мали деца!)
Кризниот штаб на изнервираните граѓани-соседи дискутира безефектно... |
Сето ова се случува пред очите на децата, кои добиваат совршена лекција за тоа како мирните протести се безефектни пред силата и корупцијата што роварат по нивниот дотогашен простор за игра и рекреација:
Ова е единственото што децата можеа да го направат за своето игралиште. |
Под својот кош КАЛИМЕРО гледа, како, на дело, делува правдата на силата. |
Зошто всушност протестираат граѓаниве?
Тие не можат лесно да се прилагодат на новонастанатата ситуација во која урбанистите под диктат на политичари и инвеститори им го стеснуваат животниот простор.
Од конкретната локација може да се види, дека најголем дел од куќите во околината се лепенки, не само од една страна, како што е тоа карактеристично за целата населба Тафталиџе, туку и од двете страни. На дел од овие куќи не им е дозволен пристап ниту директно на постоечката улица (Максичка, задна страна, што го имале кога објектите биле бараки) а дел објекти и немале друг пристап освен просторот на игралиштето! (предна страна).
Урбанистите и политичарите во служба на градежната мафија само индицираат дека се успеа во воспоставувањето на нов политички систем на локално владеење кој функционира по следниов принцип: прави или реновирај инфраструктура на ниво на цела општина, за потоа да узурпираш и грабаш на микро-локација!
Така, во текот на оваа “ера“ ќе бидеме сведоци на голем број вакви урбанистички узурпации на нашиот животен простор - и тие узурпации никогаш нема да предизвикаат доволно медиумско внимание (за националните медиуми), затоа што ќе бидат засегнати само мал број луѓе-граѓани - додека мнозинството од гласачите ќе биде воодушевено од достигнувањата на паверот и асфалтот, како и плодовите на трудот од општинските платеници за јавни комуникации (ПР).
Седете си мирно, и немојте да се грижите, затоа што тргнатиот багер, некој ден ќе стигне..
Ќе стигне дури и таму каде што не сте верувале (ниту на сон) дека тоа е возможно - можеби и токму пред вашата врата! (Имате ли простор?!)
Ќе стигне дури и таму каде што не сте верувале (ниту на сон) дека тоа е возможно - можеби и токму пред вашата врата! (Имате ли простор?!)
Нема коментара :
Постави коментар