Се чини дека изградбата на објектот драстично се намали во интензитетот.
Дали нема купувач да купи стан со кој во комплет доаѓа и водење секојдневна војна со комшиите, или пак има некоја друга причина, не знам...
А ситуацијата деновиве изгледа вака:
Сега инвеститорот ги замачкува конструкциските слабости и објектот ќе си го фасадира да изгледа исто како и овој другиот (на фотките подолу), во соседната улица... |
...на местото од самопослугата на Центро. И за овој објект најзаслужни се истите сопственици на земјата, истиот инвeститор, и истиот градоначалник. |
И тука скромно живеат нови комшии, во... Да зумирам уште малку.... |
Ги бројам сандачињата... Еден, два. три.... Пет, шест... десет станови. |
А да потсетам, мексиканскиот споменик во почетокот на 2006-та изгледаше вака:
Фото: Славица Пешевска |
Фото: Славица Пешевска |